• Saturday, 11 January 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 јануари 2025 (МИА) - На 09.01.2025 во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ" во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола.

МВР денеска соопшти дека таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.01.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(63) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.01.2025 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(38) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.01.2025 во 18.50 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Т. од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 09.01.2025 во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.В.(30) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.  

На 09.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, З.И.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.01.2025 во 18.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, З.С.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Лепенец“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 09.01.2025 во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.И.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.01.2025 во 15.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.  цр/

Фото: МИА архива