• Monday, 28 October 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Во Виница вчера во 16.40 часот полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „форд фокус“ со винички регистарски ознаки, извршен со судска наредба од Основен суд Виница, соопшти денеска МВР, пронајдени биле и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 27.10.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.10.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Р.Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 27.10.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Џ.(24) од с.Согле-велешко, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дробилка со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.10.2024 во 15.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ч.Ј.(46) од с.Ржаничино, скопско, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 27.10.2024 во 23.20 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(58) од Р.Турција поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил две фалсификувани зелени карти. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.  

На 27.10.2024 во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од  М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник. По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. 

На 27.10.2024 во 14.16 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

На 27.10.2024 во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот  пат во с.Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано  од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.. 

На 27.10.2024 во 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„500“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

На 27.10.2024 во 19.05 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, приведен е Е.В.(20) од Струга кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.10.2024 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај с.Колари, С.В.(35) од с.Мало Турчане, гостиварско управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

На 27.10.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, З.Т.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Робеспјерова“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива