МВР Билтен
- Синоќа во 19 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје привеле малолетник од главниот град на државава, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
- Post By Блаже Дарудов
- 11:57, 5 January, 2025
Скопје, 5 јануари 2025 (МИА) - Вчера во 17:45 часот во СВР - Куманово било пријавено дека околу 17:30, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, атар на село Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Ј.П., 50-годишно лице од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ., на 25-годишна возраст од Кратово, удрило во пешакот Д.С., 69-годишен кумановец.
Во несреќата, Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар - Куманово. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Куманово.
Синоќа во 21:45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода И.Л., 28-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 21:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Ф.Н., 33-годишен скопјанец, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 23:50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Б.М., 26-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода М.С., 23-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 1:20 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода Б.Х., 19-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 12 часот, полициски службеници од СВР - Штип го привеле Н.Ј., 19-годишен штипјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 19 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје привеле малолетник од главниот град на државава, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.
Вчера во 12 часот во Полициската станица - Гази Баба, М.Ѓ., на 26-годишна возраст од Скопје, пријавила дека на улицата „Финска“ во градот била касната од куче скитник. бд/вг/
Фото: МИА архива