• Sunday, 01 September 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 август 2024 (МИА) - На 30.08.2024 во 10:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(51) и 48-годишната Н.М.А., двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 27 од Кривичниот законик. Имено, на 29.08.2024 во СВР Скопје, К.Е.(50) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, пријавил дека во текот на 2021 година се договорил со лицата за купопродажба на стан во Скопје, по што од неговата сметка на сметката на Н.М.А. во банка во Турција ги префрлил парите за станот. Како што е пријавено, во 2022 година тие отишле кај нотар да потпишат купопродажен договор, кој притоа ги информирал дека не може да биде потпишан договорот затоа што станот има некакво оптеретување. Исто така, според пријавеното, А.А. притоа му ветил дека ќе ги исправи работите, но тоа не го сторил и избегнувал контакт со него, по што се посомневал дека бил измамен за сума од околу 54.000 евра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.       

По преземени мерки и активности по претходно добиени оперативни сознанија, на 30.08.2024 во 23.00 во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(40) од с.Боговиње поради сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола на надлежен орган“ по член 156 од Законот за игри на среќа.  При преглед во неговиот мобилен телефон била пронајдена веб страница за приредување игри на среќа, на која имало регистрирано повеќе корисници, а на која тој бил заведен како администратор. Тој бил задржан во полициска станица и од него бил одземен телефонот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Денеска (31.08.2024) во 05.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.К.(44) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.08.2024 во 12.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Н.(52) од Велес, кој бил на викенд отсуство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. По документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (31.08.2024) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.У.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 00.15 часот, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, физички ја нападнал С.О.(31) од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Велес поднесе кривична пројава против А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 24.07.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш и канабис.

На 30.08.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.К.(38) од Скопје затоа што во парк на подрачјето на Центар се самозадоволувал пред неколку малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (31.08.2024) во 03.45 часот во СВР Скопје, К.Н.(24) од Скопје пријавил дека на 30.08.2024 околу 23.10 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.„Н“ и С.С., кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 30.08.2024 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачјето на Чаир, три лица физички го нападнале Б.Е.(54) од Скопје. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.08.2024 во 00.18 часот во СВР Скопје, Т.М.(26) од Скопје пријавила дека околу 23.45 часот нејзиниот сопруг А.М.(24) телефонски ја известил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица. Според пријавеното, откако таа, нејзиниот свекор Т.М. и нивен роднина отишле на местото, лицата, исто така, физички ја нападнале неа и нејзиниот свекор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2024 во 17.00 часот во Полициска станица Дебар, Е.Ш.(47) од Дебар пријавил дека околу 12.30 часот пред угостителски објект во Дебар, поради претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од О.Р.(43) од Дебар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Ј.(26) и М.М.(29), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.03.2024 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана која ја набавил од првопријавениот.

На 30.08.2024 во 23.17 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен К.Н.(25) од Скопје. Според пријавеното, пред угостителски објект на подрачјето на Центар тој бил физички нападнат од две лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2024 во 11.40 часот во ОВР Берово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Берово настанал пожар во патничко возило „цитроен ксантиа“ со скопски регистарски ознаки во движење, кое го управувал Д.Х.(72) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 30.08.2024 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со Ѓ.Р.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјални работи Охрид дека вознемирувал и следел две малолетнички од Охрид, ќерки на неговата партнерка. Како што пријавиле малолетничките во Центарот за социјални работи, тој со уцена принудил една од нив да го бакне, а настанот го снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.08.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(39) и Љ.К.(40), двајцата од с.Добри Дол, скопско, пријавиле дека околу 00.10 часот во с.Ракотници, општина Сопиште, биле физички нападнати од С.Ј.(28) од с.Ракотници, кој употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.08.2024 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 28.08.2024 во с.Зрновци, кочанско, малолетник бил физички нападнат од лице кое го познавал, а кое употребило и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.08.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, М.М.(47) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Центар едно лице фрлало тврди предмети од прозор на станбена зграда, при што еден од предметите го погодил и му нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.08.2024 во 10.30 часот во ОВР Дебар, А.Б. од Дебар пријавил од домот се оддалечила неговата ќерка А.Б.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. миа/миа/

фото: МИА архива