• Sunday, 20 October 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - На 17.10.2024 во 10.40 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид, од страна на полициски службеници приведен е З.Т. (61) од Охрид.

При преглед во патнички автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки што тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.10.2024 во 14 часот, при извршена контрола во шумскиот појас кај месноста „Кутуров дол“, атар на  Тајмишка шума, во близина на Кичево,  полициски службеници пронајдоа складирани 160 метри просторни огревно буково дрво.

Дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка.

На 17.10.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, Ф.С.(19) од Турција, со престој во Скопје, пријавил дека на 15.10.2024 околу 14.00 часот на подрачјето на Бит-пазар, И.Х.С. му го одзел паричникот со пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 17.10.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(43) од с.Огњанци, Скопско, пријавил дека околу 11.30 часот во с.Петровец неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници со кои се познавале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 17.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.П.(29) од с.Визбегово, Скопско, пријавил дека на 16.10.2024 околу 22.00 часот во с.Визбегово, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од Д.Д.(32) од истото село.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
         
На 17.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, З.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, непознат сторител оштетил стакло од штаб на политичка партија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2024 околу 14.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, малолетник со остар предмет упатувал закани кон друг малолетник.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.10.2024 во Полициската станица Кочани било пријавено дека бил пронајден М.Т. (16) од Кочани, кој на 10.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години“.

Пријавениот во повеќе наврати во временски период од околу два месеци вршел полови дејствија врз 13–годишно дете.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Б.(35) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“.

На 08.07.2024 пријавениот со тврд предмет физички го нападнал Е.А., а потоа против негова волја насилно го држел во напуштена куќа во Прилеп и му одзел пари.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Ј. (43) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 02.10.2024 во Делчево пријавениот физички го нападнал Ѓ.У.  

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.П.(19) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.

На 19.04.2024 кај паркот „Могила“, полициски службеници ги затекнале А.С. (22) и А.С. (22), а при извршен преглед над возилото во кое биле, пронајдена била и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.В. (32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 17.12.2023 година во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавената и во нејзиното патничко возило и биле пронајдени и одземени  метамфетамин, нож и други предмети со траги од метамфетамин.

На 05.05.2024 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавената и биле пронајдени и одземени  марихуана и марихуана помешана со тутун.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.М.(25) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.  

На 03.09.2023 на Градскиот плоштад во Кавадарци, полициски службеници извршиле претрес над пријавениот и биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од бела прашката материја и бела грутчеста материја, а при извршен претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени и одземени марихуана, сеф и пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

На 21.08.2024 на паркинг простор во Струга пријавениот одзел отклучено патничко возило „лада самара“ , сопственост на Е.К.(25).

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 16.04.2024 во Кичево полициски службеници го затекнале пријавениот кој управувал такси возило, а притоа не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз и извод од лиценца, издадена  од  Министерството за транспорт и врски.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.И.(19) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавениот на социјална мрежа истакнал објава со навредливи и заканувачки зборови, во која биле наведени личните податоци на Ш.З.(33). На 14.05.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај таткото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две усб, лаптоп, компјутер, мобилен телефон и сим картичка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „бесправно градење“.

На 24.08.2024 во Сиричино, пријавениот вршел градежни активности без одобрение за  градба.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, тој спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. Тоа го направил иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови  од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање англиски јазик.

Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил  да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење работни задачи како в.д. директор и како директор на училиштето.

На 17.10.2024 во 14.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П. (58) од Куманово.

При претрес кај него извршен по судска наредба била пронајдена ловечка пушка без дозвола. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 17.10.2024 во 11.30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“ пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.10.2024 во период од 05.00 до 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово преземале мерки во врска вршење јавен превоз без поседување  лиценца, казниво по член 284-а од КЗ на РСМ.

Притоа во 07.00 часот на регионален пат Тетово - Попова Шапка, кај с. Расадиште, било запрено патничко возило „фолксваген“ со тетовски  регистерски таблици, управувано од Н.О.(42) од с. Шипковица, и патничко возило „ситроен“  со тетовски регистерски таблици, управувано од Д.Ш.(33) од с. Шипковица, поради вршење јавен превоз на ученици без да поседуваат лиценца за вршење јавен превоз.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. хс/

Фото: МИА архива