Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
- Малолетник без положен возачки испит бил затекнат ноќеска од полицијата како управува моторно возило во струшката населба „Теферич“. Со лицето бил извршен службен разговор, а возилото одземано, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 2 март 2026 (МИА) - Малолетник без положен возачки испит бил затекнат ноќеска од полицијата како управува моторно возило во струшката населба „Теферич“. Со лицето бил извршен службен разговор, а возилото одземано, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, ноќеска во 1 часот и 15 минути, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучиле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.
Полицијата, како што е наведено, утврдила дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило.
По насоки од јавен обвинител со малолетникот е извршен службен разговор, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. сс/дма/
Фото:МИА архива