• Friday, 10 January 2025

Макрон му честиташе на новиот либански претседател и најави дека наскоро ќе ја посети земјата

Макрон му честиташе на новиот либански претседател и најави дека наскоро ќе ја посети земјата

Париз, 9 јануари 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор му посака „многу успех“ на новоизбраниот претседател на Либан, генералот Џозеф Аун, и рече дека наскоро ќе го посети Либан, соопшти Елисејската палата.

- Шефот на државата му укажа на претседателот Аун дека Франција ќе ги поддржи неговите напори за брзо завршување на формирањето влада способна да ги обедини Либанците, да одговори на нивните аспирации и потреби и да ги спроведе реформите неопходни за економско закрепнување, реконструкција, стабилност, безбедност и суверенитетот на Либан, се вели во соопштението на француското претседателство.

Либанскиот парламент денеска го избра Аун за претседател на земјата, по неколку неуспешни обиди во изминатите две години. јт/

Фото: ЕПА