• Tuesday, 03 March 2026

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

Скопје, 2 март 2026

СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење пари и корупција во Украина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Да ја потсетиме јавноста дека контроверзниот политичар Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко, кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДС доби државјанство од Македонија откако претходно секоја нормална држава тоа не му го дозволи ниту, пак, му беше дозволен престој.

Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДС, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање коњи.

Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДС не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политиката во Македонија, единствено имаат влез преку СДС, Заев и Филипче.

Но, остана неодговорено прашањето за тогашните шпекулации дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да контактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист што ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДС за негово удомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ