• Wednesday, 27 November 2024

Куманово ќе помогне на збратимениот Нови Сад и на семејството на загинатиот македонски граѓанин во несреќата од 1 ноември

Куманово ќе помогне на збратимениот Нови Сад и на семејството на загинатиот македонски граѓанин во несреќата од 1 ноември

Куманово, 26 ноември 2024 (МИА) - Куманово одвои средства за помош на збратимениот град Нови Сад за трагедијата која се случи на први ноември годинава во која загинаа повеќе лица, a меѓу нив и Македонецот Васко Саздовски, чие семејство исто така ќе добие парична помош, одлучија денеска едногласно советниците на седница на Советот.

Во одлуката се наведува дека средствата се одбиваат од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година, од ставката тековни резерви (разновидни расходи), да се исплатат парични средства во износ од 400.000 денари, со намена – парична помош по несреќата настаната при падот на натстрешницата на влезот на железничката станица во збратимениот град Нови Сад – Република Србија која се случи на 1 ноември, годинава при што загинаа повеќе лица државјани на Република Србија и едно лице државјанин на Република Северна Македонија.

- Средствата се во вкупен износ од 400.000 денари, од нив 300.000 денари ќе се исплатат на жиро-сметка на градот Нови Сад и 100.000 денари да се исплатат на жиро-сметка на член на потесното семејство на загинатото лице Васко Саздовски, државјанин на Република Северна Македонија, се наведува во одлуката.

Куманово досега неколку пати донираше за повеќе градови од земјава и странство при трагедии и несреќи. ам/мд/


Фото: МИА и Општина Куманово