• Wednesday, 27 November 2024

Куманово ги повика фирмите да платат комунална такса за назив на деловна просторија

Куманово ги повика фирмите да платат комунална такса за назив на деловна просторија

Куманово, 26 ноември 2024 (МИА) - Општина Куманово денеска ги повика обврзниците на комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија, да се јават во одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци при Сектор за даноци и такси Општина Куманово, за да го подигнат решението за комунална такса за истакната фирма/назив на деловна просторија за 2024 година во рок од десет дена од денот на објавување на оваа објава, информираа од секторот.

-Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Куманово, како и на официјалната веб страна https://kumanovo.gov.mk/.Јавната објава ќе се изврши во службено гласило на Општина Куманово и во дневни весници. Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат со неподигнувањето на решенијата ќе ги сносат самите даночни обврзници, нагласуваат од општината.ам/сст/


Фото: МИА