Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
- Возилото излетало од патот помеѓу селата Клечовце-Шупли Камен, сопатничката повредена
Куманово 23 март 2026 (МИА) - Кумановец почина откако му се слошило додека управувал автомобил и излетал од локален пат помеѓу селата Клечовце-Шупли Камен, соопшти денеска СВР Куманово. Несреќата била пријавена вчера во СВР Куманово околу 17 часот. Според кумановската полиција, патничкото моторно возило „даеву тико“, управувано од шеесет и четири годишниот, М.Д. излетало од патот и кај месноста „Кантон“.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај возачот на местото на настанот, додека сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди и била пренесена во општата болница во Куманово.
-Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата-соопшти СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово. ам/са/
Фото: МИА