• Saturday, 14 March 2026

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

Кочани, 13 март 2026 (МИА) - ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. 

Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари „Матица“ од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и ја нагласи нивната важност за одржување на телесното здравје.

Во психолошкиот дел на темата „Влијанието на стресот врз телесното здравје- психосоматика“, проф. д- р Мирјана Јовановски Стојановски, говореше за стресот како појава, за препознавање на симптомите и практичните техники за намалување на истиот. 

Соработникот во Библиотеката „Искра“, Магдалена Кочовска Салтирова, во своето излагање ја истакна улогата на библиотеката како центар на заедницата каде се случуваат средби за размена на идеи и размислувања.

Таа смета дека секоја библиотека претставува средина каде се стекнуваат и прошируваат знаењата. ис/вј/

Фото: Библиотека „Искра“