• Thursday, 09 January 2025

Косовската ЦИК ги усвои дизајнот и содржината на гласачките ливчиња за изборите, но не донесе одлука за финансирање на кампањата

Косовската ЦИК ги усвои дизајнот и содржината на гласачките ливчиња за изборите, но не донесе одлука за финансирање на кампањата

Приштина, 8 јануари 2025 (МИА) - Централната изборна комисија во Косово (ЦИК) денеска ги усвои дизајнот и содржината на гласачките ливчиња за изборите за Собранието на Косово закажани за 9 февруари, но поради противењето на претставниците на Самоопределување не е донесена одлука за доделување средства за предизборна кампања на политички субјекти.

Директорот на Управата за регистрација, сертификација и финансиска контрола на политичките субјекти, Бесник Бужала, рече дека канцеларијата ја анализирала препораката со која се предвидува средствата да се доделуваат на политичките субјекти од 1 до 9 јануари.

Според него, право на овие средства имаат 14 политички субјекти и предлогот на тоа тело е Движењето Самоопределување да добие 353.898 евра, Демократската партија на Косово 115.932 евра, Демократскиот сојуз на Косово 91.525 евра, Српската листа 54.915 евра, Алијансата за иднината на Косово 48.813 евра и Турската демократска партија 12.203 евра.

Членот на ЦИК, Албан Красниќи, препорача да се подели износот што се доделува за секој политички субјект, а не како што е предвидено со закон, целосно да се предвидува во одлуката.

Членот на ЦИК од Самоопределување Сами Куртеши рече дека е против тоа и дека не прифаќа да се одвојат средства за Српска листа.сд/

фото:МИА архива