• Wednesday, 08 January 2025

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на одлучна борба против корупцијата

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на одлучна борба против корупцијата

Пекинг, 6 јануари 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на одлучна победа во тешката, долготрајна и сеприсутна борба против корупцијата.

Тој изјави дека се направени невидени напори за унапредување на целосното и строгото партиско управување и борбата против корупцијата, кои даваат широко признати резултати.

„Корупцијата е најголемата закана за партијата и борбата против неа е најдлабокиот вид на самореформирање. Соочувајќи се со значителни предизвици во борбата против корупцијата, Кинеската Комунистичка партија останува посветена на истрагата и справувањето со сите случаи на корупција за да се зачува интегритетот на функционерите, рече Си Џинпинг. рп/

Фото: МИА архива