Кина подготвува рекордна емисија обврзници во вредност од 411 милијарди долари
- Кина следната година планира да продаде специјални трезорски обврзници од три билиони јуани (411 милијарди долари), со цел да ја поттикне економијата
Пекинг, 25 декември 2024 (МИА) – Кина следната година планира да продаде специјални трезорски обврзници од три билиони јуани (411 милијарди долари), со цел да ја поттикне економијата.
Средствата од обврзниците ќе бидат употребени како субвенции за потрошувачката, надградба на бизнис опремата, како и вложување во клучната технологија и напредните производствени сектори.
Кинеските специјални државни обврзници се издаваат за посебни цели – како што е финансирање на потрошувачката за анулирање на последиците од пандемијата и поради тоа не се пресметани во главниот буџетски дефицит. ми/
фото: МИА архива