• Wednesday, 08 January 2025

Кина ги осуди САД поради тоа што разгледуваат воведување забрана за кинески дронови

Кина ги осуди САД поради тоа што разгледуваат воведување забрана за кинески дронови

Пекинг, 7 јануари 2025 (МИА) - Кина го осудува и смета дека е крајно неодговорно што САД разгледуваат воведување забрана или ограничување на кинеските беспилотни летала во таа земја поради наводните ризици за националната безбедност, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението се наведува дека тоа се „неосновани сомнежи“ на САД и дека Кина ќе продолжи да ја следи ситуацијата.

Кина, исто така, ги повика САД да ги почитуваат фактите и веднаш да престанат со, како што наведе, „погрешните практики“. рп/

Фото: МИА архива