Карлсен: Никогаш во кариерата не сум се договорил однапред за реми
- Норвешкиот шахист Магнус Карлсен, откако ја подели победата на Светското првенство во блиц со Русинот Јан Непомнјашчи, истакна дека никогаш во кариерата не се договорил однапред за реми.
Њујорк, 3 јануари 2025 (МИА) - Норвешкиот шахист Магнус Карлсен, откако ја подели победата на Светското првенство во блиц со Русинот Јан Непомнјашчи, истакна дека никогаш во кариерата не се договорил однапред за реми.
- Никогаш во кариерата не сум се договорил однапред за реми. Верувам дека самиот натпревар покажа двајца шахисти кои играа шах на високо ниво, беа рамноправни и двајцата заслужија да победат, изјави Карлсен.
Во финалето на Светското првенство во Блиц пред два, за прв пат во историјата двајца играчи станаа светски прваци.
Шахистите по четири партии не го решија победникот. По ова се одиграа дополнителни три партии кои завршија нерешено. Како резултат на тоа, Карлсен предложи да им се додели шампионската титула на двајцата играчи. зс/
Фото: ЕПА