Извлечен автомобилот што падна во Вардар кај Рашче и тела на три лица, се трага по уште едно
- Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина на село Рашче и од него се извадени тела на три женски лица. Потрагата по четврто машко лице кое најверојатно излетало од возилото во водите на Вардар продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина на село Рашче и од него се извадени тела на три женски лица. Потрагата по четврто машко лице кое најверојатно излетало од возилото во водите на Вардар продолжува, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Претходно МВР информираше дека случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје и е во стабилна состојба.
Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар. На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.
Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар. лв/цр/
фото.МИА архива