• Wednesday, 08 January 2025

Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата

Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.

Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје. вг/

Фото: МИА архива