• Thursday, 05 February 2026

Захариев: Во 2026 година се очекуваат нови 60 вработувања, акцентот е на помошен медицински и технички кадар

Захариев: Во 2026 година се очекуваат нови 60 вработувања, акцентот е на помошен медицински и технички кадар

Штип, 4 февруари 2026 (МИА) - Нови 60 вработувања и зголемување на буџетот од 10 до 15 проценти се очекуваат во 2026 година за Клининичка болница - Штип, најави денеска директорот Владко Захариев. Тој истакна дека со најавеното зголемување од 10 до 15 отсто се очекува да се обезбедат средства и за дел од неопходната медицинска опрема, што ќе значи подобри услови и поквалитетна здравствена услуга за пациентите. 

- Буџетот се планира некаде од 10 до 15 отсто да биде зголемен. Нашите барања беа доста поголеми, но финансиските услови на Фондот се онакви какви што се и во моментот правиме корекција на планот и на буџетот за да го поднесеме коригиран во рамките, тоа е можност да ни го прошират - рече Захариев.

Прашан што е со вработувањата за 2026 година, Захариев одговори дека очекуваат да имаат и вработување на приватни специјализанти. Веќе е добиена согласност за продолжување на договоите на определено време, а во тек е постапка за вработување на неопределено за 25 работни позиции. Дополнително, во рамките на втората фаза од проектот на Министерството за здравство се очекува вработување и на приватни специјализанти, што ќе придонесе за значително кадровско зајакнување на установата.

- Ќе има помалку доктори. Повеќе е среден и технички персонал - болничари, медицински сестри, шофери, а ќе има и вработување на административен кадар - економист, правник - изјави Захариев. 

Тој рече и дека рендген-апаратот и мамографот не се во функција, а во тек се преговори за да се набават нови. Посочи дека дефектот на мамографот е голем.

- Се надевам дека ќе ги вклопиме тие апарати во буџетот. Во моментот од вчера, за жал, се расипа рендген-апаратот, кој е дотраен. Денеска или утре ќе одам на преговори, да видиме, во план е да има нов рендген-апарат, но сега ургентно е овој стариот да го поправме, и тоа максимално најбргу што може. Исто така, во преговори сме и во дилема, чекаме одговор од Фондот за мамографот бидејќи дефектот на мамографот е голем, дали да се набави нов апарат или не, ќе видиме во склоп на буџетот што ќе го направиме сега овие денови - рече Захариев.

 Доколку има дополнителни средства, Захариев потенцира дека ќе се набави и дополнителна апаратура потребна за болницата. вдј/дма/

Фото: МИА 

 

You May Also Like