• Wednesday, 27 November 2024

Заменик министерката Трајков се сретна со претставничките на УНФПА Афродита Шаља

Заменик министерката Трајков се сретна со претставничките на УНФПА Афродита Шаља

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари работна средба со Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА (Фондот за население на Обединетите нации) во Северна Македонија и Ирена Спирковска, задолжена за мобилизирање на ресурси и комуникација.

Како што информираат од Министерството, на средбата се разговарало за клучните приоритети на УНФПА во нашата земја и можностите за зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација.

Посебен акцент бил ставен на теми како што се родовата еднаквост, младинските политики и пристапот до здравствени и социјални услуги за ранливите категории.

-На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА, како и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес, информираат од Министерството за европски прашања.

Заменик министерката Трајков ја потенцирала важноста на партнерството со меѓународните организации како УНФПА во унапредување на капацитетите на државата, особено во доменот на социо-економските реформи кои се во согласност со европските стандарди.

Од страна на Афродита Шаља било истакнато дека УНФПА останува посветена на поддршката на државата во имплементацијата на иновативни проекти кои придонесуваат за одржлив развој и општествена одговорност. сст/дма/

фото: Министерство за европски прашања