Законите за реформа на јавната администрација во собраниска процедура на почеток на јануари, најави Минчев
- Реформата во јавната администрација со сите аномалии кои ги има, не е процес кој може да се заврши преку ноќ. Прво тоа е процес на носење закони, но тие мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за понатаму да следи втората фаза, односно примената на овие закони. Во право сте, имаме преголема, пребавна јавна администрација. Ние во рамки на овие нови законски решенија на кои работи работната група во Министерството за јавна администрација ќе понудиме неколку решенија како пилот-проекти кои ќе се однесуваат на делумно скратување на јавната администрација. Ова вечерва го изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев пред состанокот на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA).
You need to login to view this page en