Завршна обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево
- Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино.
Кочани, 13 март 2026 (МИА) - Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино.

Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да се зачува локалната традиција и да се создадат нови можности за економски развој во руралните средини.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, како и словенечкиот амбасадор во Република Македонија, Грегор Прескер.

Од општината истакнуваат дека со вакви активности продолжуваат да ги промовираат потенцијалите на регионот и да создаваат нови можности за развој на туризмот и локалната економија. ис/вј/
Фото: Општина Чешиново - Облешево