• Sunday, 06 October 2024

Еспањол стигна до 1000 победи во Ла Лига

Еспањол стигна до 1000 победи во Ла Лига

Барселона, 6 октомври 2024 (МИА) - Еспањол ја совлада Мајорка со 2:1 во домашниот вчерашен натпревар од 9. коло на Ла Лига.

Тимот од Барселона ја постигна 1000-та победа во Шпанското фудбалско првенство и стана седмиот клуб којшто ја надмина оваа бројка.

Претходно, Севилја (1.110), Валенсија (1.284), Атлетик (1.307), Атлетико Мадрид (1.402), Барселона (1.766) и Реал Мадрид (1.826) остварија 1.000 победи во Ла Лига.

По девет натпревари сезонава во Ла Лига, Еспањол има освоено 10 бода и се наоѓа на 12. место. зс/

Фото: ЕПА