Ембиид казнет со 75.000 долари за непристојни гестови на натпреварот со Бостон
- Националната кошаркарска асоцијација (НБА) го казни центарот на Филаделфија Џоел Ембиид за непристојни гестови кон публиката на натпреварот против Бостон Селтикс на Божиќ, објавија американските медиуми. Казната на играчот е 75.000 долари
- Post By Спорт Миа
- 12:24, 28 December, 2024
Бостон, 28 декември 2024 (МИА) - Националната кошаркарска асоцијација (НБА) го казни центарот на Филаделфија Џоел Ембиид за непристојни гестови кон публиката на натпреварот против Бостон Селтикс на Божиќ, објавија американските медиуми. Казната на играчот е 75.000 долари.
Извршниот потпретседател на НБА, Џо Думарс, ја објави дисциплинската постапка.
Ембиид засега има разочарувачка сезона, откако играше на само 9 од 28-те натпревари на Филаделфија. Тој пропушти многу натпревари со повреди на коленото и лицето и беше суспендиран на три натпревари на почетокот на кампањата, откако турна новинар.
Сепак, Филаделфија го победи Бостон со 118-114 во средата, што го означи само шестиот пат кога Ембиид игра заедно со Тајрис Макси и Пол Џорџ. Центарот во победата забележа 27 поени и 9 скока.
Ембиид има просек од 21,3 поени, 7 скока и 3,9 асистенции по натпревар. дс
Фото: Архива