• Monday, 02 September 2024

До 14 часот вкупно 12 пожари, од нив шест активни, три под контрола

До 14 часот вкупно 12 пожари, од нив шест активни, три под контрола

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи попладнево информира дека во текот на денешниот ден до 14 часот имало вкупно 12 пожари на отворено од кои шест се активни, три под контрола и три изгаснати. 

Активни се пожарите на планината Мукос меѓу селата Степанци, Оморани и Ораов Дол каде гори мешана шума и во селото Долно Јаболчиште кон планинскиот масив Лисец во општина Чашка каде гори ниска вегетација. Активни пожари има и во општина Долнени меѓу селата Десово и Дреновци, и во општина Прилеп меѓу селата Пештани, Кокре и Кален каде е опожарена ниска вегетација. И во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, полигон Криволак има пожар, како и меѓу селата Студеничани-Моране во општина Студеничани.

Под контрола се пожарите кај селото Дурфулија во општина Лозово, кај селото Острец во општина Битола и кај селото Србиново кон Железна рака во општина Гостивар. бак/сст/

Фото: МИА архива