• Saturday, 05 October 2024

Димитриеска-Кочоска: Обврските се сервисираат со Ребалансот, но се уште изненадуваат недоспеани обврски

Димитриеска-Кочоска: Обврските се сервисираат со Ребалансот, но се уште изненадуваат недоспеани обврски

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) -   Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека ребалансот на Буџетот, што го изготвиле во првите 100 дена, веќе се реализира, како и дека веќе се исплаќаат обврските за кои претходната Влада немала доволно средства испланирано. Според неа се покриваат и доспеаните обврски за кои, исто така, биле обезбедени средства со Ребалансот. Но, она што не изненадува е појавувањето на дополнителни недоспеани обврски. 

-Состојбата што ја затекнавме беше алартматна. Беше реализиран 71% од  дефицитот, што значи несразмерно многу беше потрошено во првата половина од годината. Оставени сметки речиси без средства. Односно 47 милиони евра на девизната, а долгот беше поголем само за кредити на ЈП што не можеле да ги платат самите и денарска сметка која беше во огормен минус од над 60 милиони евра, а доспеаните обврски кои уште и ден денес не изненадуваат, се над 200 милиони евра. Овие податоци се врз основа на она што е пријавено во МФ. Но од разговорите што ги имавме во изминатиот период со министрите откривме и многу други работи. Како на пример дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството има минус на еден цел буџет, односно 150 милиони евра. Значи се уште има многу обврски коишто не се евидентирани во Министерството за финансии. Затоа побарав да се направи вонредна ревизија за што направивме тимови коишто ќе рабоотат на констатирање на доспеани обврски во рамки на институциите, истакнала министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на Тв Алсат.

Таа се осврнала на новиот Буџет за 2025 година, за што навела дека тој е при крај со подоготовка и дека приоритет ќе биде поддршка за инфраструктурата за капитални инвестиции, ќе продолжи проектот со општините во износ од 250 милиони евра, инвестиции во МФ и други институции за дигитализација, здравство, обрзование и слично. Исто така, обезбедени се средства за зголемувањето на пензиите, а се прават и напори за раст на платите во основно и средно образование, како и во здравството особено за медицинските сестри и техничкиот персонал.

Во однос на средствата за проектите за општините со Ребалансот на Буџетот, наведе дека сите предвидени 6 милијарди денари се распределени по Министерствата преку кои ќе се реализираат проектите и дека најголем дел се во Министерството за транспорт и врски каде се планирани преку две ставки. Појасни дека сепак однапред не можело да се испланираат средствата затоа што не е познато кои проекти ќе бидат поднесени и поддржани. сст/дма/

фото МИА архива