• Monday, 07 October 2024

Дибала нема да игра против Монца, може да ги пропушти натпреварите на Аргентина

Дибала нема да игра против Монца, може да ги пропушти натпреварите на Аргентина

Рим, 5 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Рома, Пауло Дибала најверојатно нема да настапи на претстојните натпревари за репрезентацијата на Аргентина.

Според „Corriere dello Sport“, играчот од средниот ред на Рома нема да игра против Монца. Фудбалерот почувствува непријатност во мускулите на тренинг и беше исклучен од составот за утрешниот натпревар.

Под знак прашалник е учеството на Дибала во натпреварите против Венецуела (11 октомври) и Боливија (16 октомври) како дел од репрезентацијата на Аргентина.

Во тековната сезона во Серија А, Дибала има постигнато еден гол на пет натпревари. зс/

Фото: ЕПА