• Thursday, 05 February 2026

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата на која се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати во калибар од 75 милиметри.

Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС - Зоран Пеeв од Штип.

- Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени во согласност со пропишаните безбедносни процедури - соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност за безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен. мд/дма/

Фото: ДЗС