• Monday, 02 September 2024

Делегација од Општина Берово во посета на Врпоље

Делегација од Општина Берово во посета на Врпоље

Делчево, 1 септември 2024 (МИА) - Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Звонко Пекевски, е во посета на Врпоље, Република Хрватска. Беровската делегација во која се и претставници на ТППЕ, присуствува на одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на противпожарните друштво од Врпоље.

-Наша делегација се наоѓа во Врпоље, Република Хрватска каде заедно со ТППЕ сме во посета на пожарникарите од Врпоље. Во рамките на посетата, по повод нивниот 100 годишен јубилеј, ни беше доделено признание за посебен придонес во унапредувањето на работата на доброволното противпожарно друштво, информира Пекевски.

На средбата, додаде, се разговарало за можностите за идна соработка во двете општини.

-Разговорите беа во однос на соработката во делот на противпожарна заштита. Разменивме искуства и разговаравме за почетоците на соработката на двете противпожарни единици, рече Пекевски.

Според него, Општина Берово продолжува да ја негува соработката со противпожарните друштва кои беа дел од акцијата за гаснење на пожарите што пред три години ја зафатија Малешевијата. вс/мч/

фото: МИА