• Thursday, 05 February 2026

Делегација на Левицата му оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Делегација на Левицата му оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев

4 февруари 2026

По повод 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Левицата, предводена од пратениците Јована Мојсоска и Саше Јанчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во Скопје, се наведува во соопштението од Левицата, што МИА го пренесува интегрално.

Гоце Делчев е симбол на македонската слобода, борец за национална самостојност и идеалите на македонскиот народ. Неговото дело не познава компромис, тој се борел против османлиската тиранија, против великобугарскиот врховизам и сите обиди на странски интереси да го искористат македонското револуционерно движење за свои цели.

Делчев е столбот на македонската државотворност, гласник на националната свест и инспирација за сите што се борат за самостојна, независна и праведна Македонија.

Додека живеат идеалите на Делчев, ќе живее и Републиката!