• Thursday, 05 February 2026

Грант од околу 600 илјади евра за опрема презентиран во средното електро и машинско училиште во Кавадарци

Грант од околу 600 илјади евра за опрема презентиран во средното електро и машинско училиште во Кавадарци

Кавадарци, 4 февруари 2026 (МИА) - Грант од околу 600 илјади евра за опрема, беше презентиран денеска во средното електро и машинско училиште во Кавадарци.

- Средното општинско училиште „Киро Спанџов - Брко“ доби опрема преку Регионален фонд за предизвици, во вредност од 595.000 евра, финансирано од германската КФВ банка. Се работи за најсовремена опрема од 4 генерација за реализирање на лабораториски вежби и практична настава. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон модернизација на образовната инфраструктура и создавање подобри услови, но и поголема мотивација кај учениците за активно учество во наставниот процес, појасни градоначалникот Митко Јанчев.

Тој подвлече дека, исто така, во завршна фаза е и реконструкцијата на надворешните спортски игралишта. свд/вј/

Фото: МИА

You May Also Like