• Saturday, 31 August 2024

Град Скопје: Налог е пуштен, но од МОН се уште нема одобрение за исплата на регрес за годишен одмор за вработените во училиштата

Град Скопје: Налог е пуштен, но од МОН се уште нема одобрение за исплата на регрес за годишен одмор за вработените во училиштата

30 август

Градот Скопје сака да ги извести вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје дека уште на 27.08.2024 година (вторник) е пуштен налог за исплата на додаток на плата - регрес за годишен одмор.

За да ги добијат овие средства за регрес за годишен одмор вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје, Министерството за образование и наука треба да ја одобри исплатата извршена од Град Скопје.

Не сакаме да прејудицираме дека се работи за политички мотивирана одлука со која директно се наштетува на вработените во образовните институции во градот Скопје, но не гледаме друго логично објаснување зошто се блокира оваа исплата од страна на МОН.

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки