• Wednesday, 25 February 2026

Во чест на загинатите во „Пулс“ ќе се подигне крст на кружниот тек кај „Национал“

Во чест на загинатите во „Пулс“ ќе се подигне крст на кружниот тек кај „Национал“

Кочани, 25 февруари 2026 (МИА) - На кружниот тек кај хотелот „Национал“ на влезот во Кочани од западната страна ќе биде подигнат крст во чест на починатите во пожарот од 16 март минатата година. Вака реши Советот на Општина Кочани на десеттата редовна седница. „За“ оваа одлука гласаа 14 од 19-те советници.

Барање за поставување крст на спомената локација до Советот на Општина Кочани поднесе митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион.

- Со ова се покажува дека нашите починати деца не се умрени, туку се живи заедно со ангелите на небото и секогаш присутни со нас и меѓу нас. Се надеваме дека ќе го прифатите ова барање и заеднички ќе го поставиме крстот - се наведува, меѓу другото, во писмениот документ. 

Поткрепувајќи го своето барање до Советот на Општината, митрополитот брегалнички, г. Иларион, нагласува дека случајот со децата од Кочани е „најтешкиот и најтрауматичен дел од мојата владичка служба“.

Кружниот тек кај хотелот „Национал“ е на оддалеченост од стотина метри од дискотеката „Пулс“. Фреквентна сообраќајница е, а крстот ќе биде поставен на средината од кружниот тек и ќе биде со димензии 17 на 12 метри.ис/са/

фото: МИА

 

 

 

You May Also Like