• Sunday, 20 October 2024

Во полиција повикан жител на Требош осомничен дека му се заканил на градоначалникот Касами

Во полиција повикан жител на Требош осомничен дека му се заканил на градоначалникот Касами

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Четириесет и тригодишен жител на село Требош со иницијали Ј.В. вчера во 11.30 часот бил повикан во СВР Тетово осомничен дека му се заканил со порака на телефон на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека за Ј.В.  постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“.

Осомничен е дека се заканувал завчера, а бил пријавен вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово од самиот градоначалник Касами, и еден час подоцна бил повикан во полиција. 

-Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведува МВР во полицискиот билтен. хс/са/ 

Фото: МИА архива