• Tuesday, 03 September 2024

Во Лазарополе и Берово утрово најсвежо

Во Лазарополе и Берово утрово најсвежо

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Во Лазарополе и Берово утово е измерена темепратура од 9 степени Целизусови. Следат Маврови Анови со 11, 12 Попова Шапка, 13 Крива Паланка, Битола, Претор, Тетово, 14 Прилеп, Скопје-Петровец, Охрид, 15 Крушево, Струмица, 16 Куманово, Кавадарци, Демир Капија, 17 Скопје-Зајчев Рид, 18 Штип, Велес и 19 Виница во Гевгелија, соопшти УХМР.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени. вг/

Фото: МИА Архива