Во Куманово регионална обука за градење капацитети за спроведување на зелена агенда на Западен Балкан
- Претставници од општините од североисточниот регион, денеска во Куманово учествуваа на „Регионална обука за градење капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан на локално ниво“, која ја организираше Центарот за климатски промени во соработка со седум партнерски организации од повеќе региони од земјава.
Куманово, 23 декември 2024 (МИА) - Претставници од општините од североисточниот регион, денеска во Куманово учествуваа на „Регионална обука за градење капацитети за спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан на локално ниво“, која ја организираше Центарот за климатски промени во соработка со седум партнерски организации од повеќе региони од земјава.
Претставниците од секторите и одделенија за животна средина имаа можност да се информираат со политиките, приоритетите и целите на зелената Агенда за Западен Балкан и да учествуваат во идентификација на главните еколошки и развојни предизвици со кои се соочува североисточниот регион.
- Станува збор за тригодишен проект, го спроведуваме цела година, ќе трае до септември 2026-тата. Целта е да ги доближиме политиките до сите, да обезбедиме подобро спроведување на политиките со барањата за спроведување на зелената агенда. Широка е рамката се базира на пет столбови, циркуларна економија, декарбонизација, климатски промени и заштита на природа како и одржливо управување со природните ресурси. Мора да делуваме интегрирано и локално од долу, нагоре изјави, Бојана Станојевска Пецуровска од Центар за климатски промени.
Досега реализирани се повеќе обуки во повеќе региони. Наредната година ќе се идентификуваат приоритетите и активностите поврзани со планските документи и законските обврски. Во сите региони како главни проблеми се јавуваат аерозагадување и справувањето со отпад.
- Како проблеми се јавуваат аерозагадуавњето и справувањето со отпад. Важно е да се зајакнат капацитетите и на граѓанските организации кои работат на ова поле. Ќе ги идентификуваме проблемите и ќе реализираме активности без разлика да ќе се однесуваат на справување со загадувањето на воздухот или справувањето со отпад. Важно е заеднички да работиме зашто тука живееме и сакаме да оставиме подобра заедница за младите, изјави Ашмет Елезовски од Национален Ромски Центар.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво“ кој се одржува со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада преку програмата Цивика Мобилитас. ам/дма/
Фото: МИА