• Friday, 18 October 2024

Во Кавадарци ученици донираа прехранбени производи за лица во социјален ризик 

Во Кавадарци ученици донираа прехранбени производи за лица во социјален ризик 

Кавадарци, 16 октомври 2024 (МИА) - Ученици од Кавадарци, донираа прехранбени производи за лица во социјален ризик, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. 

- По повод Неделата на борба против гладта што се одбележува од 16 до 22 октомври, Црвен Крст Кавадарци се вклучува во кампањата „Помислете на нас". Целта на оваа кампања е покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата. За таа цел учениците од III одделение од основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето" од Кавадарци, со својата учителка ја посетија Општинската организација на Црвен крст Кавадарци и донираа прехранбени призводи, соопштија од Црвениот крст. 

Оттаму појаснија дека ќе бидат направени пакетчиња и ќе бидат донирани на лица кои имаат потреба од помош и поддршка. 

- Истовремено,  учениците се запознаа со улогата и задачите на Црвениот крст и се договоривме за идни заеднички акции, споделија од Црвениот крст. сд/сст/


Фото : Црвен крст Кавадарци 

You May Also Like