• Wednesday, 04 February 2026

Во Битола се одржа гала вечер во пресрет на Кинеската Нова година

Во Битола се одржа гала вечер во пресрет на Кинеската Нова година

Битола, 3 феваруари 2026 (МИА) - Со гала вечер на Сачуанската оперска група, битолчани заедно со гости од НР Кина низ уметничка програма го прославија доаѓањето на Кинеската лунарна Нова Година.

Пред аудиториумот во Битола, амбасадорката на НР Кина, Џианг Сјаојен посочи дека иако во земјава е нешто повеќе од три месеци и веќе се чувствува како дома.

-Јас сум трогната од великодушноста и љубезноста на луѓето овде или како што вели кинеската поговорка „Каде што срцето чувствува, таму е домот“. Благодарение на вашата топлина оваа прекрасна земја почнав да ја чувствувам како свој дом. Битола веќе воспостави врски со Нингбо, а трговијата на двата градови минатата година порасна за повеќе проценти. Ова е живописен пример за потенцијалот на соработката на локално ниво и ветувачки за поблиска размена. Драги пријатели за нешто повеќе од десет дена ќе ја дочекаме Кинеската лунарна Нова Година. Тоа е годината на коњот. Во обете култури, коњот симболизира брзина, сила и храброст. Нека инспирира да продолжиме напред со енергија, единство, решителност градејќи посветла иднина за нашите земји и народи - нагласи амбасадорката Сјаојен.

Уметниците од НР Кина изведоа повеќе национални уметнички перформанси, на воодушевување на битолската публика, приредија и инструментална изведба на македонската народна песна „Ој девојче, девојче“, а на градоначалникот Тони Коњановски му врачија пригоден подарок. мт/аа/

Фото: МИА