Во Битола презентирани меѓународни стручни мислења за изградба на гондола на Пелистер
- Експерти од Словенија и Франција на работилница во Битола организирана од локалната самоуправа денеска презентираа стручни мислења за изградба на туристичка гондола на Пелистер.
Битола, 4 февруари 2026 (МИА) - Експерти од Словенија и Франција на работилница во Битола организирана од локалната самоуправа денеска презентираа стручни мислења за изградба на туристичка гондола на Пелистер.
Планината Баба со врвот Пелистер се исклучителна атрактивна локација за изградба на гонодола, чиј капацитет за превоз на туристи може да достигне до илјада лица во еден час, предочи словенечкиот ексоерт Франц Фурлан.
- За Пелистер најпрактична е кабинска жичница со капацитет од илјада лица на час и со брзина од 7 метри на час бидејќи со таква динамика е најстабилна и при силен ветер. Во секоја кабина може да се сместат максимум 10 лица и тоа е доволно за конфорен превоз и набљудување на убавините на Пелистер, кој на еден дел од пределите нуди амфитеатарски поглед на планината, која според проектот би имала и повеќе скијачки патеки - посочи Фурлан.
На денешната работилница во Советот на Општина Битола експертите во предложениот матер план посочија три стартни локации на гондолата, односно поаѓање од селата Трново, Цапари и Нижополе.
- При изградбата на гондолата треба да се избегнат сите опасности што може да бидат предизвикани од снежна лавина, која често ја има на Пелистер, потоа опасности предизвикани од силен ветер и замрзнување на инсталациите, а секако треба јасно да се знае начинот за брзи спасувачки интервенции. Едноставно, за секој турист безбедноста на гондолата не смее да биде доведена во прашање - нагласи Фурлан.
Работилницата за изградба на гондола на Пелистер беше со интерактивен карактер и експерите овозможија да бидат поставени прашања од локални стручни лица и други љубители на планината. мт/дма/
Фото: МИА