• Thursday, 05 February 2026

Во Битола одбележан 4 февруари, роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Во Битола одбележан 4 февруари, роденден на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Битола, 4 февруари 2026 (МИА) - Делегации на Општина Битола, Советот на Општина Битола, здруженија на граѓани и претставници на ОО на Сојуз на борци, денеска ја посетија спомен куќата на Гоце Делчев во Битола и одбележаа 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер.

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола и историските знаменитости во објектот лоциран во централното градско подрачје ги одржува НУ Завод и Музеј-Битола.

-Делото на Гоце Делчев заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија, посочи градоначалникот Тони Коњановски.

Годишнината од раѓањето на Гоце Делчев беше одбележана и во истоименото основно училиште во Битола, а НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ промовира изложба на книги посветени на животот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев. мт/дма/

Фото: МИА

You May Also Like