• Friday, 18 October 2024

Во Бејрут евакуирани Амбасадата на Норвешка и телевизијата Ал Џазира поради закана за поставена бомба

Во Бејрут евакуирани Амбасадата на Норвешка и телевизијата Ал Џазира поради закана за поставена бомба

Бејрут, 17 октомври 2024 (МИА) – Амбасадата на Норвешка во Бејрут е евакуирана откако денеска добила дојава за поставена бомба.

- Само неколку норвешки дипломати останаа во главниот град на Либан и сите од персоналот се живи и здрави, се наведува во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи.

Во меѓувреме и телевизијата Ал Џазира соопшти дека нејзината канцеларија е евакуирана откако добила неколку предупредувања за поставена бомба. Но, катарската телевизија не наведе повеќе детали. ми/

фото: МИА архива