ВМРО-ДПМНЕ: За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите
- Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше.
Скопје, 29 декември 2024
За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите
Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше.
СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.
Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.
Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.
Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.
Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.
Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.
Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива