• Thursday, 09 January 2025

Владејачката романска коалиција најави нови претседателски избори за 4 мај

Владејачката романска коалиција најави нови претседателски избори за 4 мај

Букурешт, 8 јануари 2025 (МИА) – Владејачката романска коалиција денеска соопшти дека одлучила претседателските избори да се одржат на 4 мај, а по потреба и втор круг гласање на 18 мај, откако Уставниот суд ги поништи резултатите од претседателските избори одржани во ноември минатата година.

Парламентарните избори во Романија се одржаа на 1 декември и на нив победија коалицијата на Социјалдемократската партија (ПСД), Национал-либералната партија (НЛП), Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (УДМР) и претставниците на националните малцинства, пренесува Аџерпрес, наведувајќи дека денеска се одржала првата средба на лидерите на коалициските партии во 2025 година.

- На овогодишниот прв состанок на коалицијата, политичките партии се договорија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 4 мај, а вториот на 18 мај, се наведува во соопштението на коалицијата. јт/

Фото: МИА архива