• Friday, 18 October 2024

Вечерва на програмата на „Скупи“ фестивал германска претстава

Вечерва на програмата на „Скупи“ фестивал германска претстава

Скопје,16 октомври 2024 (МИА) - Фестивалот МТФ „Скупи“ вечерва продолжува со претставата „Децата од прашината”, во продукција на CIE Toula Limnaios од Берлин, Германија.

Инаку синоќа на втората вечер од „Скупи“ фестивалот беше прикажан театарскиот дел „Гидеоновиот јазол“ е трогателна драма која предизвикува размислување. Базирана на делото на една од најпознатите и најодликуваните драмски писателка во Америка, Џона Адамс.

Како што информираат од „Скупи“ фестивал театарската претстава „Гидеоновиот јазол“, адаптирана по текстот на американската драмска писателка Џона Адамс во режија на Селма Алиспахиќ. Мајката на Гидион, Корин и неговата учителка Хедер се соочуваат со сите сложени прашања и предизвици на младите кои растат денес. Нивната средба е поттикната од чинот на Гидеон, точка од која нема враќање каде работите никогаш повеќе не можат да бидат исти. Како и во реалноста во која живееме, потрагата по одговори започнува дури откако проблемите ќе се акумулираат до точка каде што едноставните прашања не можат да дадат едноставни одговори.

Училницата во која се среќаваат мајката и учителката станува сцена на соочување со личната и системската одговорност во процесот на растење и воспитување на децата. Што знаеме и што мислиме дека знаеме за нашите деца? Имаме ли време да ги погледнеме внимателно и да слушаме што имаат да кажат? Колку наставниците навистина можат да се ангажираат со секое дете поединечно? 

Театарската престава обработува горливи прашања поврзани со училишниот систем, слободата на изразување, насилството меѓу врсниците, креативната слобода, влијанието на наставниците, улогите на родителите и одговорностите на двете страни. Дали потрагата по одговори дополнително го отплеткува „гордиевиот јазол“ или води кон негово разоткривање? Таа одлука е препуштена на гледачите. Но, едно е повеќе од сигурно, тој јазол не може да се пресече и ние како дел од општество мора да направиме се за да не се заплетка. Значи сите ние сме одговорни за ова. ад/ац/

Фото: МИА