• Monday, 02 September 2024

Велика Британија планира да испраќа осуденици во Естонија поради пренатрупаноста на затворите

Велика Британија планира да испраќа осуденици во Естонија поради пренатрупаноста на затворите

Лондон 31 август 2024 (МИА)- Британските осуденици може да бидат испратени во Естонија, откако бројот на затвореници во Англија и Велс достигна рекордни 88.350 по немирите во земјата предизвикани од убиствата во Саутпорт во јули.

 Естонската министерка за правда Лиза Пакоста рече дека има доволно места во естонските затвори и ќелиите се достапни за изнајмување доколку на Велика Британија и треба помош за да се справи со кризата.

Според Пакоста, Естонија од овој договор би можела да заработи 25 милиони фунти, а Велика Британија и Шведска, наводно, веќе разговараат за испраќање затвореници во балтичката земја, пишува Мирор.

-Половина од местата во затворите се празни. И точно е дека на владиниот кабинет му дадов меморандум за дискусија, да се избере насоката за решение на ова прашање, рече министерката.

Оваа идеја дојде на маса за разгледување откако британските власти апелираа до судиите да не испраќаат осуденици во затвор  за кривични дела од пониско ниво и предложија предвремено ослободување на некои затвореници за да се реши проблемот со пренатрупаноста во британските затвори.

Англија и Велс вчера пријавија дека имаат 88.350 затвореници, што е најголема бројка од 2011 година, по бранот немири што избувнаа во Велика Британија по убиството на трите девојчиња во Саутпорт.сд/

фото:МИА архива

You May Also Like