• Saturday, 28 September 2024

Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Доналд Трамп во Њујорк

Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Доналд Трамп во Њујорк

Њујорк, 27 септември 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер се сретна со Доналд Трамп во кулата „Трамп“ во Њујорк за да разговара со поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија за претседател на САД за ноемвриските избори, јави ДПА.

Пред средбата, Стармер им рече на новинарите дека сака да се сретне со Трамп лице в лице бидејќи силно верува во личните односи на светската сцена.

Сепак, средбата меѓу двајцата може да предизвика можни дипломатски непријатности не само поради стилот на Трамп, туку и поради тоа што Стармер не можеше да организира сличен состанок со потпретседателот на САД и кандидат на Демократската партија за американски претседател Камала Харис, забележува ДПА. 

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, кој во 2017 година го нарече Трамп „расистички симпатизер на Кју Клукс Кланот и неонацистите“ и вети дека ќе протестира на улиците доколку ја посети Обединетото Кралство, исто така присуствуваше на состанокот. рп/

Фото: ЕПА