• Monday, 02 September 2024

„Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со тренерот Бојан Круљ

„Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со тренерот Бојан Круљ

Струмица, 2 септември 2024 (МИА) - Управата на Брера Струмица спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Бојан Круљ од Србија, соопштија синоќа од „Брера Струмица“.

Како што е соопштено прекинувањето на соработката доаѓа по третиот едно по друго пораз во првенството од Струга Трим Љум, а на наредниот нарпревар Круљ заедно со неговите помошници Душан Дошљак и Милош Поповиќ нема да го предводат тимот.

-Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона, стои во пренесената изјава на генералнниот директор на клубот, Ване Стојанов

Бојан Круљ во „Брера Струмица“ дојде лани во декември за вториот дел од првенствената сезона кога го замени италијанецот Џовани Валенти. Под негова палка Брера во последната сезона го осигури опстанокот во Првата лига. рт/

Фото: „Брера Струмица“