• Monday, 23 December 2024

Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода

Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода

Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром, Сарај и Кисела Вода, а задутре корисниците од Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисичче. 

Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.

Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош. бт/нд/

Фото: МИА архива

You May Also Like