• Monday, 23 December 2024

Без вода дел од Сопиште

Без вода дел од Сопиште

Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 110мм, во долот над Црквата Св. Мина н.Сопиште, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улица 1, непарните улици 3,5,7и 9 и парните улици 8,10,12,14 и 16.

Како што соопшти РЦУК, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до завршување со работните активности.

Поради непристапност на теренот кај што се наоѓа дефекто истиот ќе се пролонгира за утре, 23 декември.

Како што соопштуваат од РЦУК, обезбедено е цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ горе наведените улици кој немат вода во н. Сопиште. нд/

Фото: МИА архива

You May Also Like